Втора обука за Социјална Инклузија како дел од проектот ЕПЕСИ-16 и 17 Ноември 2016

Денес во регионалниот ВЕТ центар на Македонски развоен центар за граѓански организации во Скопје заврши обуката за социјална инклузија на втората група невработени жени што припаѓаат на различни етнички заедници, која се одржа на 16 и 17 Ноември 2016 година. Обуката за социјална инклузија се реализира преку Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички групи во Македонија,е проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV). Во текот на овие и следните обуки ќе се подобри нивото на економска и социјална интеграција на невработените жени што припаѓаат на различни етнички заедници преку нивна едукација, преквалификација и развој на лични вештини.

Проектот промовира:
-Подобрување и закајнување на релацијата меѓу понудата и побарувачката на работна сила
-Поддршка и подобрување на личните капацитети и можности за вработување и самовработување преку зголемување на нивото и стекнување на соодветни практични вештини
- Креирање систем за континуирана обука на специфичните таргет групи наменет за развој на лични вештини според претходна идентификација на реалните потреби на работодавачите
- Подигнување на свеста на бизнис заедницата за професионалните капацитети на оваа категорија лиза за целите на подобрување на економската состојба во овие региони
- Поттикнување на институционална соработка меѓу невладиниот сектор од една страна и владините институции од друга: Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување на Република Македонија на локално и регионално ниво.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/mrcgo/media_set?set=a.1201970019893468.1073741830.100002414454851&type=3