Завршна прес конференција за Проектот ЕПЕСИ

Почитувани соработници, 

Задоволство ни е да Ве информираме дека на 25 август 2017 година петок од 10 до 11.30 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот за стручно образование и обука заедно со партнер организациите во проектот ЕПЕСИ - Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија наневработени жени и тоа ДРОМ од Куманово, Мултикултура од Тетово и Македонски развоен центар за граѓански организации од Скопје ќе одржи завршна конференција на која ќе се прикажат резултатите од проектните активности спроведени во текот на проектот.

Ве покануваме да присуствувате на овој завршен настан и да се информирате за резултатите од проектот, за стекнатите искуства на невработените жени и за нивните стекнати знаења и компетенции во рамките на овој проект.

Ве очекуваме.

Со почит
Тимот на МРЦГО