Завршна прес конференција за Проектот ЕПЕСИ

Почитувани  пријатели, партнери, колеги и соработници,

Задоволство ни е да објавиме дека денес, 25 август 2017 година во просториите на Еу Инфо центарот, се одржа завршната конференција на проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на невработени жени припаднички на различни етнички заедници, проект финансиран од страна на Европската унија.

Целта на завршната конференција беше да ја запознаеме јавноста со постигнатите резултати во полето на социјалната инклузија и подобрување на вештините и способностите на невработените жени се со цел нивно полесно вклучување на пазарот на трудот.

Особена благодарност би сакале да изразиме кон Директорката на Центарот за стручно образование и обука г-ѓа Ајше Селмани како и до локалните проект координатори од Куманово г-н Ахмет Јашаревски, од Тетово г-н Вулнет Зенки, од Скопје г-ѓа Стефанија Бојаџиева Марковска и од Штип г-н Иле Величков коишто заедно со проект менаџерот г-ѓа Светлана Темелковска и поддршката од сите институции и организации придонесоа за успешна реализација и завршување на предвидените проектни активности.

Во оваа објава искрена и најголема благодарност изразуваме кон невработените жени кои учествуваа во проектот и кои беа заинтересирани за свој личен и професионален развој, жени коишто имаат голема желба да се вклучат во пазарот на трудот и да придонесат за подобрување на својот економски и општествен живот.

Ви благодариме на сите за присуството.

 

Фотографии од настанот можете да погледнете на следните линкови:

 

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1484686141621853&set=pcb.1484686...

https://www.facebook.com/epesiproject/photos/pcb.845884952244754/8458829...

Со почит
Тимот на МРЦГО