Информација за работата на Македонски развоен центар за граѓански организации

Во изминатиот период Македонски развоен центар за граѓански организации работеше на едукативни обуки за поддршка на млади невработени лица, со приоритет на жени и млади лица. Реализиравме бројни семинари и обуки, не само во рамките на Република Македонија туку и во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Албанија.

Како дел од проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија за невработени жени Македонски развоен центар за граѓански организации е организација одговорна за имплементација на проектните активности во Скопје и Штип. Нашата цел е насочена кон подобрување и зајакнување на односите меѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот, поддршка и подобрување на личните капацитети и компетенции и можностите за вработување.
Во рамките на активностите во нашата организација отворивме 2 регионални центри, во Скопје и Штип. Она што за нас претставува посебен резултат е тоа што во рамките на овој проект односно во рамките на обуките за социјална инклузија 160 жени (120 жени во Скопје и 40 жени во Штип) се стекнаа со вештини за личен и професионален развој, научија како да се претстават себеси, како да ги претстават своите компетенции, капацитети и вештини на пазарот на трудот, пред идните работодавачи и научија како да бидат мотивирани и поттикнати да отпочнат сопствен бизнис.
Последната фаза од активностите на проектот ЕПЕСИ, беа обуките за стручени вештини, во кои учествуваа 100 кандидатки, 80 од Скопје и 20 од Штип, со единствена цел-полесно вработување и решавање на нивното социјално прашање. Кандидатките ги посетуваа обуките за шивач, фризер, козметичар, служебик во книговодство, маникир, но и јазични и компјутерски курсеви. 
Обуките се одвиваа во прекрасна атмосфера, со врвни експерти и тимови кои ги водеа самите обуки. Кандидатките неретко го искажуваа своето задоволство од обуките, со што се зголемуваше нивната желба и за нови предизвици и нови обуки. 
Од името на тимот на Македонски развоен центар за граѓански организации би сакале да се заблагодариме на Директорката на Центарот за стручно образование и на вработените вклучени во проектот како и на партнер организациите во овој проект за несебичната заемна поддршка и соработка во текот на изминатиот период.

Со почит
Тимот на МРЦГО