Обука за социјална инклузија на 14 и 15 Ноември

Во рамките на проектот ЕПЕСИ - Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на невработени жени партнер организацијата МРЦГО во Скопје отпочна со првата од обуките за социјална инклузија на жени од различните етнички групи во Македонија, во просториите на Македонски развоен центар за граѓански организации. Обуката ја проследија селектираните невработени жени на 14 и 15 ноември и истите се стекнаа со вештини и знаења за:

• Креирање на ЦВ
• Интервју за работа
• Професионален и личен развој
• Вештини за претприемништво
• Можности за вработување
• Комуникациски вештини
• Презентациски вештини
• Деловна Етика
• Градење самодоверба
• Финансии за нефинансиери
Овие обуки ќе им помогнат на невработените жени да станат конкурентни на пазарот на трудот со цел полесен пристап до пазарот на трудот и нивно вработување.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/epesiproject/posts/691948307638420?pnref=story