ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ПРЕВОЗ НА УЧЕСНИЦИ ЗА ОБУКАЗА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ ВО СКОПЈЕ И ШТИП

ДАТУМ: 03.04.2017

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ПРЕВОЗ НА УЧЕСНИЦИ ЗА ОБУКАЗА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ ВО СКОПЈЕ И ШТИП

Почитувани, 

Ве покануваме да поднесете понуда за превоз на учесничките за обукитеза стручни вештини во Скопје и Штип кои се дел од  Проектот ЕПЕСИ - (EPESI - EntrepreneurshipPlatformforEconomicandSocialInclusionofwomenfromminoritygroups) кој е  финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмите - Компонента IV, а се спроведува од Центарот за стручно образование и обука со партнер организациите: Македонски развоен центар за граѓански организации (Скопје и Штип), ДРОМ (Куманово) и Мултикултура (Тетово). 

Договорен орган е Здружението Макeдонскиразвоен центар за граѓански организации-МРЦГО, со адреса Сава Ковачевиќ 47ѓ, локал 12-Скопје, телефон за контакт 071 257 783, контакт лице: Стефанија Бојаџиева-Марковска

Предмет на договорот за оваа набавка е превоз на учесничките за обуки за стручни вештини.

Превозот на учесничките вклучува превоз во 2 правци со динамика на движење 2 -3 пати неделно во периодот од максимум 3 месеци.

Максимален број на учеснички изнесува 100 учеснички односно 80 учеснички Скопје и 20 учеснички Штип.

Детална динамика и распоред на превоз ќе биде дополнително утврден со Анекс Договор.

 

 

Описна набавката

 

Ценапоучесничка(МКД) без ДДВ

 

Превоз нa учесничка во два правци во Скопје

 

Превоз на учесничка во два правци во Штип

 

ВКУПНО

 

 

Предметот на договорот за оваа набавка е неделив. Економскиот оператор во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно, понудата ќе се смета за неприфатлива.

Носителот на набавката е должен да му испрати список на учеснички и нивни контакти, најдоцна, еден  ден пред денот на обуката.

 Разлика во цена

Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

 Рок на испорака

  Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот според дадената динамика и распоред. Исплатата ќе биде во рокот даден на фактурата.

ЗАБЕЛЕШКА: Ве молиме имајте предвид дека овој проект е финансиран од Европска Унија од ИПА инструментот за претпристапна помош во склоп на Оперативната програма за Развој на човечки ресурси и е ослободен од Данокот надодадена вредност (ДДВ).

Критериум за доделување на договорот 

Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска понудена цена. Понудите може да ги доставите на следниот маил –    contact.mdcco@gmail.com или во затворено плико во канцелариите на Здружението Макeдонскиразвоен центар за граѓански организации-МРЦГО, со адреса Сава Ковачевиќ 47ѓ, локал 12-Скопје, најдоцна до 10.04.2017 година.

Понудите Ве молиме да ги доставите со Ваш меморандум и да ја користите табелата со бараната понуда.

Повикот важи 5 (пет) дена од неговото објавување.

Со почит,

Стефанија Бојаџиева-Марковска