Прва обука за Социјална Инклузија во Штип, како дел од проектот ЕПЕСИ-21 и 22 Ноември 2016

Како дел од Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички групи во Македонија, проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV), во обуките за Социјална инклузија се вклучени и невработени жени од Штип. Оваа обука се одржа на 21 и 22 Ноември 2016 година.

Невработените жени што ја посетија обуката се стекнаа со подобрени лични капацитети, совладаа вештини за:
-пишување кратка биографија и мотивациско писмо, 
-градење самодоверба, 
-презентациски и комуникациски вештини,
-финансии за нефинансиери, 
-вештини и компетенции во делот на деловна етика
и се запознаа со сите можности за вработување и самовработување коишто се нудат во Република Македонија.
Сите учеснички учествуваа активно во обуката и ја оценија со највисока оцена, но и како корисно искуство кое ќе им бие од голема помош во следниот период.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/mrcgo/media_set?set=a.1207663169324153.1073741833.100002414454851&type=3