Прес конференција за Проектот ЕПЕСИ

Задоволство ни е да Ве информираме дека на 6.3.2017година, со почеток во 10 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот-Скопје, се одржа прес конференција за презентирање на резултатите постигнати во текот на имплементацијата на Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на невработени жени-ЕПЕСИ, проект финансиран од страна на Европската унија.
Проектот е наменет за невработени жени кои сакаат да стекнат вештини и знаења како би биле конкурентни на пазарот на трудот и би можеле полесно да ги искористат можностите кои се нудат.
Овој проект има поставено високо цели, но затоа ние можеме гордо да се пофалиме дека целите ги исполнуваме беспрекорно.
Од досегашното работење на проектните активности можеме да истакнеме дека успешно се работеше и се отворија 4 регионални ВЕТ центри во Скопје, Штип, Тетово и Куманово, кои успешно работат во делот на стекнување на вештини и знаења како и преквалификување на невработените жени со континуирани редовни информативни средби, редовни консултации, како и континуирана подршка во можностите што ги нуди пазарот на трудот
На прес конференцијата беа прикажани резултатите и постигнатите цели односно:
-отворени 4 регионални центри за обуки
-изработена скрининг студија за карактерот на невработеноста во Скопје, Куманово, Тетово и Штип
-изработени модули за обуки за социјална инклузија
- реализирани обуки за социјална инклузија за 300 жени
- обучени 300 невработени жени за социјална инклузија
Благодарност до сите коишто земаа учество во конференцијата и благодарност до сите гости кои ги поддржаа активностите на нашиот проект.

Фотографите од Прес конференцијата можете да ги погледнете за следниот линк:
https://www.facebook.com/mrcgo/media_set?set=a.1311765175580618.10737418...