Проект: „Паметна алатка за управување со бизнис“

Проектот: „Паметна алатка за управување со бизнис“ има за цел да се ​​подобри економијата на земјата преку развој фокусиран кон намалени регулаторни- административни бариери и преку забрзување на постапките и намалување на трошоците за основање и водење на малите и средните претпријатија.

ПОСЕБНИ ЦЕЛИ: 
1. Охрабрени сопственици на МСП, зајакнати капацитети на бизнисите во практикувањето и спроведувањето на законските услови за водење бизнис во Македонија. 
2. Зголемен капацитет на менаџерите на МСП по однос на користењето на нови мрежни алатки во процесот на управување со бизнисот. 
3. Воспоставен силен, одржлив и продуктивен “triple helix” модел на соработка помеѓу малите и средни претпријатија-јавните институции и граѓанските организации кои ќе ја подобрат меѓусекторската соработка и ќе придонесат кон развивање на силна и независна економија во земјата

ЦЕЛНА ГРУПА (и): Мали и средни претпријатија, јавни власти, граѓански организации. 
КОНЕЧНИ КОРИСНИЦИ: Македонските мали и средни претпријатија.

Овој проект е финансиран од Европска Унија, а реализиран од Македонски развоен центар за граѓански организации-МРЦГО во партнерство со Тренинг институт КОЦКА.