1ви и 2ри Декември 2016година-Седма обука за Социјална Инклузија-дел од Проектот ЕПЕСИ

На 2ри Декември заврши и седмата обука за социјална инклузија, која се одржа на 1ви и 2ри Декември 2016 година, а којашто се реализира преку Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички заедници во Македонија. Овој проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV), а е организирана преку партнер организацијата Македонски развоен центар за граѓански организации-МРЦГО.
Невработените жени што ја посетија обуката се стекнаа со:

-подобрени лични капацитети, 
-вештини за пишување кратка биографија и мотивациско писмо, 
-градење самодоверба, 
-презентациски и комуникациски вештини, 
-финансии за нефинансиери, 
-вештини и компетенции во делот на деловна етика

и се запознаа со сите можности за вработување и самовработување коишто се нудат во Република Македонија.
Сите учесници активно учествуваа во обуката и ја оценија истата со највисока оценка како во делот на професионалност така и во делот на организацијата на истите.

 

Фотографиите од оваа обука можете да ги погледнете на следниот линк:

 

https://www.facebook.com/mrcgo/media_set?set=a.1227818173975319.10737418...