12.03.2019-Работилница за промоција на апликацијата МојБизнис-Проект “Паметна алатка за управување со бизнис”

На 12.03.2019 година, со почеток во 12:00 часот, во Конференциската сала на Универзитетот “Фон” во Скопје се одржа втората од серијата работилници во рамки на проектните активности на “Паметна алатка за управување со бизнис” (Smart tool for business management project). Во рамки на овој проект(*финансиран од Европската унија), а успешно спроведуван од Институтот за обуки “Коцка” од Скопје во партнерство со Македонскиот развоен центар за граѓански организаци од Скопје беше развиена апликацијата “мој бизнис.мк”.
Оваа алатка на микро, малите и средни претпријатија во земјава (а и на јавните власти и граѓанските организации!) ќе им понуди развиени и едноставни начини за користење на ИКТ алатките за едно ново поедноставено управување со бизнисот.
Ќе започнувате свој бизнис?
Информирајте се повеќе на www.mojbiznis.mk , на Smart Tool for Business Management или вклучете се во развојот на Андроид апликацијата со свои сугестии! Андроид beta апликацијата “Мој бизнис” е веќе достапна на: https://play.google.com/store/apps/details

 

Следната работилница е на 15.03.2019 година, во конференциската сала на хотел Глигоров-Струмица,со почеток од 14.00 часот.