25 и 28 Ноември-Петта обука за Социјална Инклузија-Скопје

На ден 28.11.2016 година, заврши петтата обуката за социјална инклузија на невработени жени што припаѓаат на различни етнички заедници во Република Македонија, која се одржа на 25 и 28Ноември 2016 година. Обуката за социјална инклузија се реализира преку Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички групи во Македонија,е проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV). Во текот на овие и следните обуки ќе се подобри нивото на економска и социјална интеграција на невработените жени што припаѓаат на различни етнички заедници преку нивна едукација, преквалификација и развој на лични вештини.
Проектот промовира:
-Подобрување и закајнување на релацијата меѓу понудата и побарувачката на работна сила
-Поддршка и подобрување на личните капацитети и можности за вработување и самовработување преку зголемување на нивото и стекнување на соодветни практични вештини
- Креирање систем за континуирана обука на специфичните таргет групи наменет за развој на лични вештини според претходна идентификација на реалните потреби на работодавачите
- Подигнување на свеста на бизнис заедницата за професионалните капацитети на оваа категорија лиза за целите на подобрување на економската состојба во овие региони
- Поттикнување на институционална соработка меѓу невладиниот сектор од една страна и владините институции од друга: Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување на Република Македонија на локално и регионално ниво.

 

 

Фотографиите од оваа обука може да ги погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/mrcgo/media_set?set=a.1217492001674603.10737418...