29ти Ноември и 5ти Декември-Шеста обука за Социјална Инклузија, како дел од проектот ЕПЕСИ

Чест и задоволство ни е да објавиме дека заврши и шестата обука за социјална инклузија, која се одржа на 29 Ноември и 5 Декември 2016 година, а којашто се реализира преку Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички заедници во Македонија, е проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV), а организирана преку партнер организацијата Македонски развоен центар за граѓански организации.
Невработените жени што ја посетија обуката се стекнаа со:
-подобрени лични капацитети, 
-вештини за пишување кратка биографија и мотивациско писмо, 
-градење самодоверба, 
-презентациски и комуникациски вештини, 
-финансии за нефинансиери, 
-вештини и компетенции во делот на деловна етика
и се запознаа со сите можности за вработување и самовработување коишто се нудат во Република Македонија.
Сите учесници активно учествуваа во обуката и ја оценија истата со највисока оценка како во делот на професионалност така и во делот на организацијата на истите.

 

 

Фотографиите од оваа обука можете да ги погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/mrcgo/media_set?set=a.1225719370851866.10737418...