Настани

12.03.2019-Работилница за промоција на апликацијата МојБизнис-Проект “Паметна алатка за управување со бизнис”

На 12.03.2019 година, со почеток во 12:00 часот, во Конференциската сала на Универзитетот “Фон” во Скопје се одржа втората од серијата работилници во рамки на проектните активности на “Паметна алатка за управување со бизнис” (Smart tool for business management project). Во рамки на овој проект(*финансиран од Европската унија), а успешно спроведуван од Институтот за обуки “Коцка” од Скопје во партнерство со Македонскиот развоен центар за граѓански организаци од Скопје беше развиена апликацијата “мој бизнис.мк”.

Завршна прес конференција за Проектот ЕПЕСИ

Почитувани  пријатели, партнери, колеги и соработници,

Задоволство ни е да објавиме дека денес, 25 август 2017 година во просториите на Еу Инфо центарот, се одржа завршната конференција на проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на невработени жени припаднички на различни етнички заедници, проект финансиран од страна на Европската унија.

Завршна прес конференција за Проектот ЕПЕСИ

Почитувани соработници, 

Задоволство ни е да Ве информираме дека на 25 август 2017 година петок од 10 до 11.30 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот за стручно образование и обука заедно со партнер организациите во проектот ЕПЕСИ - Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија наневработени жени и тоа ДРОМ од Куманово, Мултикултура од Тетово и Македонски развоен центар за граѓански организации од Скопје ќе одржи завршна конференција на која ќе се прикажат резултатите од проектните активности спроведени во текот на проектот.

Информација за работата на Македонски развоен центар за граѓански организации

Во изминатиот период Македонски развоен центар за граѓански организации работеше на едукативни обуки за поддршка на млади невработени лица, со приоритет на жени и млади лица. Реализиравме бројни семинари и обуки, не само во рамките на Република Македонија туку и во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Албанија.

Прес конференција за Проектот ЕПЕСИ

Задоволство ни е да Ве информираме дека на 6.3.2017година, со почеток во 10 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот-Скопје, се одржа прес конференција за презентирање на резултатите постигнати во текот на имплементацијата на Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на невработени жени-ЕПЕСИ, проект финансиран од страна на Европската унија.
Проектот е наменет за невработени жени кои сакаат да стекнат вештини и знаења како би биле конкурентни на пазарот на трудот и би можеле полесно да ги искористат можностите кои се нудат.

6 и 7 Декември-Втора обука за Социјална Инклузија-MРЦГО-Штип.

Во регионалниот ВЕТ центар на Македонски развоен центар за граѓански организации во Штип заврши осмата и последна обуката за социјална инклузија на втората група невработени жени во Штип, кои припаѓаат на различни етнички заедници. Оваа обука се одржа на 6 и 7 Декември 2016 година. Обуката за социјална инклузија се реализира преку Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички групи во Македонија,е проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV).

1ви и 2ри Декември 2016година-Седма обука за Социјална Инклузија-дел од Проектот ЕПЕСИ

На 2ри Декември заврши и седмата обука за социјална инклузија, која се одржа на 1ви и 2ри Декември 2016 година, а којашто се реализира преку Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички заедници во Македонија. Овој проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV), а е организирана преку партнер организацијата Македонски развоен центар за граѓански организации-МРЦГО.
Невработените жени што ја посетија обуката се стекнаа со:

29ти Ноември и 5ти Декември-Шеста обука за Социјална Инклузија, како дел од проектот ЕПЕСИ

Чест и задоволство ни е да објавиме дека заврши и шестата обука за социјална инклузија, која се одржа на 29 Ноември и 5 Декември 2016 година, а којашто се реализира преку Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички заедници во Македонија, е проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV), а организирана преку партнер организацијата Македонски развоен центар за граѓански организации.
Невработените жени што ја посетија обуката се стекнаа со:

25 и 28 Ноември-Петта обука за Социјална Инклузија-Скопје

На ден 28.11.2016 година, заврши петтата обуката за социјална инклузија на невработени жени што припаѓаат на различни етнички заедници во Република Македонија, која се одржа на 25 и 28Ноември 2016 година. Обуката за социјална инклузија се реализира преку Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички групи во Македонија,е проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV).

Четврта обука за Социјална Инклузија за невработени жени 23 и 24 ноември 2016 година

Денес заврши и четвртата обука за социјална инклузија, која се одржа на 23 и 24 Ноември 2016 година, а којашто се реализира преку Проектот Претприемничка платформа за економска и социјална инклузија на жени од различните етнички заедници во Македонија. Овој проект финансиран од страна на Европската унија – Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента IV), а е организирана преку партнер организацијата Македонски развоен центар за граѓански организации-МРЦГО.
Невработените жени што ја посетија обуката се стекнаа со:
-подобрени лични капацитети, 

Pages