За нас

ИСТОРИЈА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

МРЦГО е невладина, неполитичка и непрофитна организација, основана во 2008 година и правно регистрирана во декември 2010 година. Основна дејност на здружението е унапредување и заштита на животната средина, унапредување на образованието, културата и меѓуетничката толеранција, поддршка на воспитно-образовниот кадар во училиштата за нивен професионален развој и соработка со локалната заедница со цел поттикнување на свеста за важноста на квалитетната настава, преку организација на трибини и средби со граѓаните, организација на семинари, предавања, тренинзи и обуки кои ќе ги зголемат вештините, капацитетите и организационите искуства кај луѓето од различна возраст и социо-економски статус.

МРЦГО спроведува истражување за да ги утврди потребите на целните групи, развива програми за насочување на тие потреби, ги имплементира истите во соработка со други и ги оценува резултатите од нивните напори. Покрај долгорочните образовни програми, ние исто така работиме и со разновидни краткорочни образовни програми кои се наменети за подигнување на јавната свест. Крајната цел на сите наши напори е да се придонесе за развој на младите луѓе и нивна поддршка за уживање во среќни, толератни и здрави животи. Ние работиме на развој на нови образовни модели со цел побрзо достигнување и поддржување на секоја група којашто има потреба.

МРЦГО е организација насочена кон постојано препознавање на општествено одговорни идеи, поединци и организации кои активно ги поддржуваат преку едукативни, културни и хуманитарни активности со тоа поттикнувајќи го општеството и поединците во постигнување креативнил, социјално одговорни и одржливи проекти.

МИСИЈА

Нашата главна мисија е подобрување на ефикасноста и професионалноста на организациите и лидерите во областа на образование, култура, зашштита на животна средина и хуманитарна работа. МРЦГО препознава општествено одговорна средина, активно поддржува образование и развива програми со тоа создавајќи предуслови за современи и демократски општества во ЕУ. Нашата цел е да се поддржат општествените организации кои работат во областа на заштита на човекови права, демократски развој, еконосми развој и заштита на животна средина преку обезбедување обуки и образовни услуги за нашите партнери, соработници и крајни корисници што би ги обезбедиле со потребните вештини за корист на нивните организации, нивниот приватен живот и општеството воопшто.

Активностите на МРЦГО се подобрување на младинскиот активизам и заштита на животната средина преку организација на различни активности, партнерства и младински кампови, образование, семинари, студиски посети, културни и спортски манифестации итн. Младите луѓе треба да бидат опремени со знаење и вештини потребни за да станат одговорни учесници во социјалните животи. Да стекнат такво знаење и вештини значи да им се овозможи не само да бидат набљудувачи на промени туку и да учествуваат во личниот и општествениот развој, во согласност со нивните интереси и способност. Во поглед на концептот на цивилното општество, улогата на невладиниот сектор, меѓу другите работи, е во најголем дел да им овозможи на младите лица да станат активно вклучени. Денес, младите луѓе формираат клучна компонента на населението којашто можен да го поттикне процесот на демократизација во Македонија и во регионот. Тие ги зграпчуваат најдобрите претпоставки и причини за подобрување на околностите што ги опкружуваат. За таа цел, потребни им се поткрепени правни решенија, стратешка ориентација како и структури и вештини кои ќе им овозможат да станат активни.

ВИЗИЈА

МРЦГО сака да придонесе за равој на општеството кое има развиено механизми кои би му овозможиле на секој поединес со сите негови разлики да има можност да ги развие своите потенцијали и да ги стави во функција на општата добробит во согласност со демократските вредности. Нашата визија е за невладините организации да станата активни, продуктивни и почитувани партнери во развојот на националните и интернационалните проекти во полето на образование, претприемништво, култура, животна средина и хуманитарна работа. МРЦГО е центар за креирање иновативни идеи, место акде што младите лица ги градат своите лични потенцијализ а целите на реализација на идени како резултат на промоција на квалитетен живот.

ИСКУСТВО

МРЦГО  е основан од 6 многу професионални и високообразовани лица кои работат во организации за цивилно општество подолго време и имаат искуство во реализација на различни видови обуки, конференции, семинари и други настани. Има голем број волонтери вклучени во активностите на МРЦГО кои се поврзани со организирање образование, обуки, семинари за млади невработени лица.

МРЦГО работеше на едукативни обуки за поддршка на млади невработени лица, со приоритет на жени и млади лица. Реализираше бројни смеинари и обуки, не само во рамките на цивилното општество во Македонија туку и во Босна и Херцегови, Хрватска, Србија и Албанија. Како организација беше регионален координатор за проектот „Ронја Едуцатион Центер” што претставување регионален проект за 5 земји од Западен Балкан: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Шведска како проект координатор и финансиска поддршка.

МРЦГО исто така учествуваше во проектот насловен „И Лове Еуропе 2 анд 3” што е проект координиран од Партилле Цоммун  од Шведска и насочен кој здружување на млади лица од различни земји во Европа како: Македонија, Албанија, Турција, Чешка и Шведска и размена на идеи, искуства и планирање на идни активности.

МРЦГО исто така учествуваше во многу проекти за Иновации и Претприемништво:  “Развивање на претприемачки вештини кај наставници од приватни странски училишта по англиски јазик” “ Млади претприемачи” “ Старт Уп бизниси -од Идеја до реализација” со цел поттикнување на претприемнички дух и запознавање со значењето на  претприемништвото, Како да се започне сопствен бизнис, Како да се генерираат нови бизнис идеи, преставување на идеите , вреднување и избор, подготовка на бизнис план, семеен и домашен бизнис, СЊОТ анализа, трошоци, маркетингот и промоција.

најновиот проект, кој моментално се одвива е проектот ЕПЕСИ, Претприемничка  Платформа за Економска и Социјална инклузија за невработените жени од малцинските групи. Овој проект е финансиран од Европската Унија и во него се вклучени 4 Партнер органиции: Дром-Куманово, Мултикултура-Тетово и МРЦГО Скопје и Штип.